СДСМ не направи никакви валидни и суштински реформи за граѓаните

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ за овие три години ги осиромаши граѓаните и донесе мизерија во државата. Во Македонија скоро 500.000 луѓе живеат во  сиромаштија  додека секој трет човек е на работ на егзистенцијата.

Економијата е во очајна состојба и сите економски параметри го покажуваат тоа. Инвестиции нема, нови работни места нема, само бизнисите  на Заев  со марихуана цветаат.

Младинската невработеност е највисока во Европа додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80% во одредени региони од државата.

СДСМ не направи никакви валидни и суштински реформи ниту за граѓаните ниту за младите. Секојдневно огромен број на луѓе се иселуваат од државата токму поради лошите политики на Владата на Зоран Заев.

Општеството не нуди никаква перспектива за граѓаните на оваа земја. Затоа СДСМ мора што поскоро да си замине за да почнат вистинските реформи во сите сфери на општеството. СДСМ мора да си замине за обновата да почне.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.