Од каде им се на СДСМ над 1 милион евра да платат за рекламирање и обид за вршење поткуп и наклонетост на медиумите?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ свесни за својот неуспех тргна во скапо платена кампања за да ги изманипулира граѓаните.

Замислете, во време кога државата тоне и е презадолжена, кога граѓаните се на работ на егзистенцијата, СДСМ во кампања во националните медиуми според пазарната вредност од единствениот сервис за мерење на медиумите за рекламирање плаќа повеќе од 1 милион евра за период од 2 недели, односно од 10 до 23 декември.

Главното прашање е: Од каде им се на СДСМ над 1 милион евра да платат за рекламирање и обид за вршење на поткуп и наклонетост на медиумите?

Дали можеби овие пари им се од Луј Витон торбите и од „Рекет“?

Ако се земе во предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги троши? Ако за оваа кампања потрошила 1 милион евра.

СДСМ во просек секој ден од 10 декември до 23 декември трошеле по 100.000 евра.

Само за споредба едно просечно македонско семејство за еден месец троши 200 пати помалку и месецот го поминува со 500 евра.

Лицемерно е СДСМ да говорат за богати партии, кога самите докажуваат дека се најбогатата партија во регионот која што троши 100.000 евра дневно за рекламирање.

Се повеќе е јасно каде завршуваат тендерите кои секојдневно ги објавуваме во јавноста.

СДСМ врши класичен обид за поткуп на секој можен начин на медиумите и врши класична манипулација на граѓаните.

Република Македонија тоне на секое поле и затоа СДСМ троши милионски суми за извртување на реалноста.

Одговорност за се мора да има и ќе има после изборите.

Република Македонија конечно мора да тргне напред, а СДСМ да докаже од каде им се над 1 милион евра за кампања потрошени за само 2 недели.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...