Мицкоски: Заев со таква криминална концесија зад себе не може да биде реформатор, јас немам дамка во мојот пат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше гостин во новогодишното интервју на МРТ.

Тој посочи дека Заев не може да биде реформатор бидејќи има криминална концесија.

-Не може човек кој има криминална концесија од минатото, да биде реформатор. Можам јас да бидам, кој што немам, може да биде друг човек кој нема. Не може човек кој длабоко бил заплеткан во криминални скандали, дали тоа било Глобал или Пуч, поткуп, небитно, тој човек не може да биде реформатор. Тоа е невозможно. Реформатор може да биде човек кој што секогаш е од страната на законот. Јас се обврзувам, чувајте ја оваа емисија, доколку видите трета бледа копија на она Сваровски или ова Луи Витон судство, подготвен сум да дадам оставка и да кажам дека не успеав во мојата прва заложба да обезбедам правда, независност и на правосудството и на судството, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза пред граѓаните дека реформите во судството се еден од историските моменти кои ќе ги направи.

-Немам друг мотив, секој од нас треба да си го заслужи местото во историјата, тоа е мој мотив, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...