Мицкоски: За Гоце Делчев и јазикот никој нема право да преговара

Нашиот јазик е македонски јазик, а Гоце Делчев е Македонец кој што се борел за македонска држава и никој нема право да преговара за тоа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонската радио телевизија.

-Нашиот јазик е македонски јазик и никој нема право да спори околу тоа. Тоа е наше право. Зошто мене некој да ми го одземе тоа право? Кој го има тоа право?  Кој политичар прифатил да преговара за Гоце Делчев? Гоце Делчев е Македонец кој што се борел за македонска држава и е дел од мојата химна, химна на милиони Македонци кои се родиле и умреле за Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски  истакна исто така дека како политичари немаат право да се откажат од македонското минато, тоа е погрешно и никој не им го дал тоа право бидејќи тие луѓе со живот го платиле ова што ние денеска го живееме и додаде дека македонската држава мора да ги дефинира црвените линии.

Доколку компромисот со Бугарија е онаа резолуција која ја донесе бугарското Собрание тоа не можеме да го прифатиме. Ние веднаш поднесовме иницијатива во нашиот Парламент да донесеме контра резолуција на таа која ќе ги дефинира нашите црвени линии, вели Мицкоски.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....