Мицкоски: Во ниеден договор не стои дека Армијата треба да се преименува, тогаш зошто го менуваме името на АРМ?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонската радио телевизија вели дека голема е разликата помеѓу  ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кога се во опозиција, посочувајќи дека  наместо да ги блокираат процесите во институцијата како СДСМ одлучиле да работат во интерес на граѓаните и државата.

Денеска кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција наместо да прави насилие и блокади на институциите, да фарба и крши државен имот, одлучи да биде опозиција која со идеи, со демократски алатки ќе се бори против ова недемократска власт. Најлесно ќе ни беше нас денеска да земеме да пишуваме писма, да опструирааме процеси итн. Но, ние рековме  не, напротив ќе го ставиме државниот интерес пред се, работевме во рамки на парламентот за да дојде октомври месец но за жал неуспешен и за нашиот народ и нашата држава, нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече дека обвинувањата на СДСМ дека не го поддржуваат законот за одбрана се лажни бидејќи никаде во ниту еден договор не стои дека треба да се преименува името на Армијата на Република Македонија.

Им велевме ајде да го ратификуваме пред време протоколот за НАТО и тогаш бевме обвинувани за лицимерие, слушавме како велат сакаат да го ратификуваат протоколот за НАТО, а од друга страна не го поддржуваат Законот за одбрана каде што е преименувањето на името на нашата Армија. Ние не можеме да ја игнорираме реалноста која што е резултат на капитулантскиот однесувања на СДСМ и Зоран Заев. Во ниту еден договор не стои дека треба армијата да се преименува, вели Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.