Мицкоски: СДСМ игра лажливо и нечесно со предлозите за Изборниот законик

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Македонската ради телевизија посочи дека предлозите од страна на СДСМ и Зоран Заев за измени на Изборниот законик се лажни и нечесни, додавајќи дека доколку навистина сакале една изборна единица тогаш истото тоа ќе го барале многу порано а не само неколку месеци пред одржување на предвремените парламентарни избори.

Ако играа чесно, храбро тогаш многу порано ќе ги започнеа преговорите за една изборна единица како што бараат и многу порано ќе се договоревме дали да има една изборна единица или да нема. Но, не се чесни и честити пред сопственото членство, вели Мицкоски

Тој додаде дека е изненаден од лидерите на помалите политички партии кои што повторно одлучиле да му слугуваат на Заев не препознавајќи ја неговата нечесна и неискрена намера.

Јас се чудам на оние помали политички партии кои што влегоа во стапицата на Заев и повторно одлучија да му слугуваат и не ја препознаа неговата нечесна и неискрена намера, вели Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.