Мицкоски: Предизборни политички маневрирања се изјавите на Ахмети за условите за коалицирање, за нас услов е програмата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на Македонската радио телевизија ги окарактеризира условите за почитување на Рамковниот и Преспанскиот договор на Ахмети за коалицирање со било кој политички субјект како политички предизборен маневар.

-Тоа се политички маневрирања претпоставувам на господинот Ахмети. Априори не се дефинираат условите за коалицирање, можеби тој нема да биде политичката опција која што ќе биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што ние нема да можеме да најдеме допирна точка по други прашања така што ова се предизборни политички маневрирања кој што јас само како такви може да ги разберам и не би навлегувал во дополнителна експликација, вели Мицкоски.

Во однос на постизборната коалиција со некоја од албанските партии во Македонија, Мицкоски потенцираше дека компатибилноста на програмите ќе биде пресудна за тоа со кого ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира по победата. Според него клучно е партијата со која ќе коалицира ВМРО-ДПМНЕ да се залага за  бескомпромисна битка со криминалот и корупцијата, почитување на законите и Уставот на државата се разбира, интензивна и пеколна работа за обнова на Македонија.

-Апсолутно нашиот став е дека програма со програма ќе коалицираат после овие предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ќе освои најголем број на пратеници и тоа убедливо ќе победи. И тука пак нема никаква дилема или пак некогаш сум имал дилема и како што ја започнавме нашата емисија, ниту пак некој во македонската јавност има дилема за победата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе правиме коалиција со оној политички субјект каде што ќе се доближиме со позициите и тоа бескомпромисна битка со криминалот и корупцијата, почитување на законите и Уставот на државата се разбира, интензивна, пеколна работа со многу залагање, со многу сопствена енергија потрошена за обнова на државата, затоа што овие информации кои што ние ги имаме навистина се катаклизмички, на нивото на кое што сега се наоѓаат институциите, додаде тој.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...