Мицкоски: Наместо да се рехабилитираат Ченто и Шатев, власта ги рехабилитира кодошите

Нашиот став е јасен дека децата и внуците на комунистичките кодоши ќе ги амнестираат кодошите, вели Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Македонската радио телевизија за поништување на законското решение за лустрација.

Според него ова законско решение е лошо, бидејќи токму тие го злоупотребиле системот за да напредуваат во кариери а врз основа на тоа невини луѓе биле казнувани само поради тоа што ја сакале државата.

Денеска ги амнестираме кодошите кои што го злоупотребиле системот да напредуваат, не за квалитет туку затоа што биле добри поданици. Тоа говори доволно за карактерот на овие луѓе. Ќе се амнестираат кодошите кои што граделе кариера врз тоа што кодошеа затоа што сме си ја сакале државата на крајот на денот, и голем број на невини жртви биле таму, вели претседателот Мицкоски.

Тој додаде дека наместо да се зборува за рехабилитација на Ченто и Шатев денеска власта ги рехабилитира кодошите.

Наместо да зборување за рехабилитација на еден Ченто, рехабилитација на Шатев ние ги рехабилитираме кодошите, смета Мицкоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...