Лашкоска: Пратениците од парламентарното мнозинство не се грижат ниту за недвижното културно наследство, ниту за духовното културно наследство во Македонија

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната собраниска седница зборуваше за предложените измени на предлог закон за изменување и дополнување на Законот за филмска дејност при што кажа дека всушност и не навлегуваат во суштински и клучни прашања и проблеми во однос на легислативата на филмската дејност и дека ова се само паушални и строго наменски дадени измени кои не се во интерес на филмската дејност како што имаат наведено пратениците од СДСМ во целите на законот. Таа посочи дека ова е во интерес на предизборно задоволување и ветување на телевизиските програмски сервиси со исклучок на македонската радио телевизија.

-Во предлог закон се вели дека целта на предложениот закон како што споменав е да се овозможи прибирање на средства за производство на филмови кои не се од буџетот на државата. Со законот чие донесување се предлага да се менуваат членовите 12 и 13 од законот за филмска дејност кои се однесуваат на обврските кои што ги имаат правните лица да плаќаат надоместоци на агенцијата за филм и овие средства од надоместоците се користат всушност за финансирање на филмската дејност. Со членот 2 со кој се менува членот 12 од законот се утврдува и обврската и за македонска радио телевизија да плаќа надоместок од 0.5% од својот приход. Воедно и надоместокот кој го плаќаат телевизиските програмски сервиси на државно, регионално и локално ниво како и од кабелските оператори кај нив се намалува од 0.9% на 0.1%, кажа пратеничката.

Таа според ова рече дека овде се поставува прашањето како измените на овој закон како што напишале пратениците ќе влијаат позитивно во насока на собирање на средства во насока на филмови кога процентот за наплата на телевизиските програмски сервиси на државно, регионално и локално ниво како и на кабелските сервиси драстично се намалуваат од 0.9 на 0.1 %. Според неа со предложените измени за намалување на процент на телевизиските програмски сервиси во никој случај не се постигнати претходно наведените цели во предлогот и овие измени ќе придонесат да се намалат средствата кои се прибираат од надоместоци, а тоа секако дека негативно ќе влијае и на вкупниот буџет на филмската дејност.

-Колеги како што не се грижите во изминатиов период за недвижното културно наследство кое што можам да кажам се распаѓа, и вашата негрижа е за духовното културно наследство. Всушност колеги вие сте тие кои го изгласавте буџетот и минатата и оваа година и за што ние како ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати предупредувавме. Вие дозволивте за прв пат откога е започнат долгорочниот проект на кинотека на Македонија за дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство тоа да не се реализира и мислам дека сите може да го видите во извештајот кој што го дава министерството и кинотека на Македонија, што значи директно пратениците од парламентарното мнозинство се виновни што кинотека на Македонија не ја извршува својата основна дејност, а тоа е чување и заштита на аудио визуелното наследство, порача Лашкоска.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...