Јаревски: Господине Богоев доколку тврдите дека нема да има 150 згради тогаш дали усвоивте фингиран буџет?

Интегрален текст од изјава за медиуми – Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош

Буџетот не е играчка. Тоа е најсериозниот документ што го дефинира целокупниот тек на активности и функционирање на општината. Тој дефинира  од каде ќе се обезбедат пари и на што ќе се потрошат.

Стефан Богоев и СДСМ со усвојувањето на вчерашниот буџет соопштија на јавноста дека предвидуваат дека ќе се наплатат 375 милиони денари од комуналии. Во Карпош 1м2 комуналии е 100 евра, што значи дека за 2020 се планирани најмалку 60.500 м2 нови станбени површини односно дека планираат како што тие пресметаа да издадат дозволи за градба на 150 згради. 150 згради ги пресметаа вашите претставници на администрацијата и вашите советници од СДСМ при работата на Комисијата за финансии изведувајќи ги од вредноста која вие тврдите дека ќе ја соберете од комуналии во 2020.

Кој кого лаже!?

Прво прашање: Со таков план и предвидување колку зеленило во Карпош ќе биде уништено?  Нели немаше да има уништување на зеленило!?

Второ прашање: Господине Богоев, доколку тврдите дека нема да има згради тогаш фактички имаме фингиран Буџет! Дали усвоивте фингиран Буџет?

Трето прашање: Доколку нема да има ни приближно толку многу згради и толку многу новоизграден станбен простор ЗОШТО ВЕДНАШ на самата седница на советот не побаравте корекција на висината на износот што сакате да го наплатите од комуналии!?

Нема понесериозно нешто од тоа да се повика на ребаланс како оправдување на се уште неусвоен буџет.

Што сака неуспешно да прикрие Стефан Богоев, СДСМ и Општина Карпош со предложениот односно усвоениот буџет?

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...