Ѓорчев: Ракавицата е фрлена, Заев да не се крие зад пратеничкиот мандат

Во денешниот утрински брифинг на Слободна ТВ, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев зборуваше за темата поврзана за изборите кои треба за се случат на 12 Април и порача дека на Македонија не смее и не може да и се дозволи уште нови 3-4 години од Зоран Заев. Имено тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори и додаде:

-Веќе и во воздухот се чувствува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарни избори на 12 Април 2020 година.

Имено Ѓорчев зборуваше и за предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој побара лидерите на партиите да не бидат на листата на пратеници и тој што ќе изгуби да се повлече од политиката.

-Мицкоски ја фрли ракавицата и кажа ако победам ќе ја создадам и составам влада, ако изгубам ќе се повлечам од политиката. Зоран Заев е навикнат да губи избори па да наоѓа изговори, да продуцира политички кризи итн. Наша порака е после изборите Зоран Заев да не се крие зад пратеничкиот мандат. Ако е толку сигурен Заев дека му врват политиките дека како што вели тој дека „блескаме“ и дека сме сјаен пример за Европа и светот тогаш нека каже ако изгубам ќе се повлечам од политиката. Значи таа фрлена ракавица од Мицкоски мотивира самодоверба која е базирана на незадоволството, револтот на граѓаните и растечката доверба на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев порача дека време Заев апсолутно да се повлече од политиката.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...