Децата на комунистичките кодоши ги амнестираат кодошите, човек од мојата фамилија бил осуден на Голи Оток од такви луѓе, неправда е поништувањето на лустрацијата

Коментирајќи ја со личен пример претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја осуди постапката за поништување на лустрацијата од страна на Владата на Зоран Заев.

Според него децата и внуците на комунистичките кодоши ги амнестираат кодошите, притоа тој напомена дека законот за лустрација беше поздравен од страна на целата меѓународна заедница. Предокот на Мицкоски посетил црква и од страна на соработниците на УДБА кои беа лустрирани од претходната Влада бил посочен дека делува антисистемски и бил испратен на Голи Оток.

-Нашиот став е јасен дека децата и внуците на комунистичките кодоши ги амнестираат кодошите. Тоа е нашиот став. Еве во ред ќе го поништиме кој е правичниот. Го имаме ли правичниот? Еве нека ми кажат кој е правичниот. Еден човек од мојата фамилија завршил на Голи Оток затоа што бил кодошен. Ни крив ни должен човекот, одел во црква затоа завршил така. И бил обвинет дека антисистемски дејствува, еден од моите предци. Кој ќе го врати тоа? Еве ве прашувам не бил правичен, кој е правичниот? Постои мерит систем кој е правичен, и кој не е правичен? Овој ќе го поздрави целата меѓународна заедница, освен децата и внуците на кодошите од комунизмот. Денеска ги амнестираме кодошите, вели Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.