Мицкоски: Силно верувам дека ќе имаме 61 пратеник

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за ТВ Клан посочи дека на предвремените парламентарни избори очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ, односно како што рече тој веднаш по формирање на владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе ја почувствуваат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

-На политички план очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ. Силно сум мотивиран да покажам дека можеме поинаку, дека времето на политичките измамници и транзиционите неуспешни политичари завршува, а  доаѓа една нова генерација на луѓе кои што знаат како треба да се справуваат успешно со предизвиците. Така што ќе покажеме дека можеме поинаку без разлика на етничка, на верска, на политичка определба или било каква. Силно сум мотивиран и очекувам во 2020 година веднаш по формирање на новата влада да се почувствува таа огромна разлика којашто ќе ја донесе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Тој додаде дека очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ со 61 пратеник.

-Јас силно верувам дека ќе имаме 61 пратеник. Очекувам влада на принципи и проекти, влада во којашто ќе се работи со многу труд и мотивираност, нагласи Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.