Мицкоски: СДСМ 18 години, од 2002 немаат изборна победа на парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за телевизија Клан рече дека предвремените парламентарни избори закажани за 12-ти април ќе се одржат и покрај тоа што Заев и СДСМ бегаат.

-Ќе има предвремени парламентарни избори. Тие бегаа од избори кога беа во опозиција, прво бараа, па молеа Бога да ги нема, два пати одлагаа, се сеќавате па дојдоа, па ги изгубија. Видете ако направите анализа СДСМ од 2002 година нема победено на парламентарни избори. Значи цели 18 години, детево стана полнолетно, сега ќе имаме генерација којашто ќе гласа и не се сеќава кога последен пат СДСМ победила на избори и тоа е добро што не се сеќава бидејќи својот глас ќе го даде за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што гледа СДСМ што прави и што правела во минатото во времето на транзицијата, вели Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.