Мицевски: Министрите не го почитуваат дадениот рок за одговарање на пратенички прашања, власта свесно бега од одговорност пред граѓаните

Денес на собраниската седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочи дека министрите не го почитуваат дадениот рок за одговарање на пратенички прашања, власта свесно бега од прашањата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

И овие пратенички прашања ги започнуваме скоро со еден час задоцнување, ова веќе преминува во навика на оваа влада да го избегнува денот кога има одговори на пратенички прашања. Пред се на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои што имаат прашања кои што доаѓаат директно од граѓаните, заклучи Мицевски.
Мицевски додаде дека во салата има нешто помалку од десет министри од Владата, и неколку заменици министри.

Дали е ова целиот или вкупниот број на министри и заменици министри ќе кажат граѓаните затоа што од бројките што ги гледаме ова е влада со најмногу министерства со 2 на број. Дополнително согласно член 42 став 3 одговорите на пратеничките прашања должни се министрите на кој што писмено им се доставени да ги достават во рок од 20 дена. За ваша информација реагирав пред неколку седници на пратенички прашања нема одговори добиено на пратенички прашања на дел од колегите Дафина Стојановска нема добиено одговор од МЗ од 28.11, Ванковер Манчев нема добиено одговор од МЗ од 05.10, Димков Трајче нема добиено одговор од МЗШВ од времето кога министер беше Љупчо Николовски, истакна Мицевски.

Мицевски образложи дека според Деловникот рок е 20 дена, а одговори на пратенички прашања министерствата не доставуваат и не го почитуваат дадениот рок.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...