Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ не ги кочи повисоките плати и пензии, но целосно го кочи законот за дроги на Заев со кој уценува избори

Интегрален текст од новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање:Власта ве обвинува за кочење на законите за поголеми плати  и пензии. Вашиот коментар?

Одговор на новинарско прашање: Власта како по обичај  особено последниот период лаже и манипулира. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страна на граѓаните и секогаш кога станува збор за економски закони, за закони кои што предвидуваат било какво покачување, дали е тоа на пензии, плати и слично ќе даде поддршка и во минатото давало поддршка. ВМРО-ДПМНЕ го кочи донесувањето на законот за дроги. ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да се согласи и нема да го поддржи овој закон, а Заев и неговата криминално-рекетарска банда се обидуваат на мала врата, на скриен, на шверцерски начин под завесата на овие неколку други закони да го прошверцуваат така речено овој закон и ги ставаат во една ситуација 2 милиони граѓани на Република Македонија во ситуација на заложништво. Тоа нема да го дозволиме  и тоа нема да помине.

Новинарско прашање: Ги спомнавте опојните дроги. Во Собранието има многу закони. Дали меѓу сите овие закони е и истиот закон за опојни дроги?

Одговор на новинарско прашање: Да истиот закон  е и тоа како што напоменав пред малку на овој шверцерски начин се обидуваат тој да помине. Јас сабајлево и пишував на оваа тема и сега пред вас овде ќе го повторам уште еднаш прашањето: Зошто никој не го истражува Колулија, бизнис партнерот на Заев, односно бизнис партнерот на бизнис партнерот на Заев кој што заедно со неговата фамилија се влезени со бизнисот со марихуана, како човекот е притворен во Србија, како едноставно нашле начин сето тоа да го спречат? Тоа е огромна афера каде што цветот  од марихуана под плаштот на тоа дека доаѓа од друга странска држава ја внесува Македонија и е дистрибуиран во трети земји. И за сето тоа обвинителството молчи и не најде засходно во целиот овој изминат период да отвори истрага и да провери што се вистински случува. И од ова бегаат. Бегаат на најбрутален начин и се обидуваат да го скријат.

Новинарско прашањеИма ли договор за поддршка  од ваша страна на 40 закони од оние што се сега во собраниска процедура и што се наоѓаат на пленарна седница? Дали со тоа отпаѓа заканата на премиерот Зоран Заев дека можеби нема да поднесе оставка, што значи пак реализација на техничка влада? До каде се подготовките во ВМРО-ДПМНЕ и викендов дали се среќавате со СДСМ на ова тема?

Одговор на новинарско прашање: ВМРО-ДПМНЕ е секогаш спремно исто како што сме спремни и како што ќе ги поразиме со огромна разлика на 12 Април. Во целиот овој период се подготвувавме и сме максимално подготвени за она што следува. Она што Заев вие велите дека било на некој начин закана, јас го гледам како уцена и огромна манипулација. Човекот е свесен дека е уште неколку дена премиер и дека веќе никогаш повеќе нема да се наоѓа на тоа место и буквално губејќи го тлото под нозете се обидува се да направи зашто подолго да остане таму, меѓутоа тоа нема да му успее. Тоа му го порачуваме ние како ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тоа му го порачуваат и граѓаните. Јас пред малку кажав сите економски закони, сите закони кои што се од бенефит за граѓаните ние ќе ги поддржиме, сме ги поддржувале во минатото исто така да ве потсетам. Така да нема причина зашто истите да ги кочиме, меѓутоа од друга страна се она што е штетно за граѓаните како што е законот за опојни дроги и се она што СДСМ и Заев се обидуваат  на шверцерски начин да го протнат низ Собрание како изборниот законик, како законот за одбрана тоа нема да го поддржиме и нема да го гласаме и затоа веќе мал милион пати во изминатиот период сме говореле јавно и сме ги кажале нашите ставови.

Да, да викендов ќе има средба на кои што треба да се договорат деталите во однос на техничката влада која што на 3 Јануари ќе се формира се со цел за да имаме  фер и демократски избори на 12 Април.

Новинарско прашање: Би инсистирал малце на поконцизно, спикерот на собранието Џафери пред малку изјави дека на координација власта и опозицијата се договорила за изгласување на тој пакет закони од друга страна Хари Локвенец од СДСМ пред некој час време рече дека распишувањето на изборите зависи од утрешниот ден од ВМРО ДПМНЕ дали опозицијата ќе ги подржи тие закони. Дали се подготвувате воопшто за моментот дека може избори да нема?

Одговор на новинарско прашање: Видете за нас не доаѓа во предвид да нема избори, видете не станува овде избориве на кој како ќе  му текне така да прави. Значи имавме лидерска средба каде што беа присутни буквално сите политички чинители, политички субјекти , големи политички партии каде што заеднички се договоривме и не може сега само затоа што на еден му е нелагодно, а тој еден го знаеме кој е со име и  презиме тоа е  Зоран Заев и   тоа му нелагодно односно не се осеќа спремен затоа што знае дека ќе изгуби и затоа што ќе биде уште 5 дена премиер и никогаш повеќе, сите останати во државата да бидеме заложници. Избори на 12 април ќе има.

Новинарско прашање: Само уште едно појаснување во однос на овие нели спорни закони факт е дека сепак од страна на ВМРО ДПМНЕ илјадници амандмани се поднесени, дали ова значи дека утре постои можност да биде дадена вашата поддршка се со цел викендов да бидат испеглани ставовите?

Одговор на новинарско прашање: Значи еве по трети четврти или петти пат. Сите закони кои што се од бенефит на граѓаните  плати, пензии се останато никогаш не сме ги кочеле, нема да ги кочиме и ќе ги подржиме. Се останато како законот за дроги, измените на изборниот законик во насока на менување на изборниот  модел на неколку месеци пред избори и законот за АРМ нема да го подржиме и нема да го гласаме.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...