Одговор на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Како ја коментирате одлуката на Апелацискиот суд во врска со „Титаник 2“?

Одговор: Што да ви кажам, имав јас едно интервју минатата недела би сакал еве главната поента да ја повторам. Има два типа на случаи кои што ги гледаме во судовите. Едни кои што одат многу споро и кои што одат многу брзо. Во едните или судијата заборава да закаже рочиште по 90 дена па почнуваат од почеток или вака се донесуваат ослободителни пресуди, а другите гледаме одат по 12 часа на дена, па преспиваат луѓето па продолжуваат утре дента. Во првите има договор со Зоран Заев во вторите нема договор со Зоран Заев. Јас зборував уште минатата година дека постои криминална коалиција, таа криминална коалиција ја гледаме на дело. Интересно е што пред оваа судска одлука имаше изјави на еден од  сега веќе ослободените во однос на тоа дека Албанците треба да гласаат директно за СДСМ, а исто така е интересно што еден од членовите на Судскиот совет е сопруга на висок функционер на СДСМ што само потврдува дека се работи за потврда на криминалната коалиција за која што ние зборуваме повеќе од година и пол која што за жал функционира во државата, ја разјадува државата, го разјадува судството и го разјадува владеењето на правото.

Прашање: Јас имам две прашања првото е она што го зборувавте за одлагање на изборите , во денешната изјава премиерот вели дека тоа го кажал бидејќи опозицијата ја опструирала работата на Собранието со тие повеќе од 150 закони и другото ми е за владината одлука за да се поништи лустрацијата односно да се обесштетат оние  кои што биле лустрирани. Како го коментирате тоа?

Одговор: Прво во однос на изјавата на премиерот практично да не се повторувам од она што го кажав во досегашниот тек од прес конференцијата јасно е дека Зоран Заев сака да избега од избори, јасно е дека бара изговори, бара алиби го спомнав тоа во претходното излагање. Тоа ние нема да го дозволиме и го повикувам да се соочи со волјата  на граѓаните на избори.

Македонија е една од државите која што имаше сила имаше храброст да се соочи со темните страни од своето минато, поголем дел од државните од источниот блок кои што беа под јаремот на комунизмот го направија тоа, дел и не го направија тоа. Сметам дека тој процес беше потребен, беше праведен многу жртви во годините на комунизмот пострадаја, наши дедовци наши прадедовци основачи на ВМРО-ДПМНЕ но не и само ВМРО туку и други интелектуалци, луѓе, слободно мислечки демократи кои што сакале демократски систем и сметам дека најмала сатисфакција за тие луѓе што можеше да се случи е да се знае кој неправедно ги кодошел и зошто ги кодошел. Застанувањето на СДСМ во заштита на кодошите на почетокот на 2020 година на повеќе од 30 години на падот од комунизмот само потврдува дека СДСМ вредно и секојдневно си ја заработува титулата односно она што го имаат во својот статут а тоа е директен наследник на Сојузот на комунисти на Македонија би кажал на најцрните страни на сојузот на комунисти на Македонија затоа што и во тој сојуз имаше чесни луѓе кои што на пример никогаш не потпишаа со Бугарија дека имаме заедничка историја или не потпишаа со Грција да оваа држава се вика Северна Македонија така што СДСМ си се покажува како најдоследен продолжувач на најтемните страни на Сојузот на комунисти на колишевизмот и останатите работи кои што ги гледавме во тој период.

Прашање: Почесниот конзул на Латвија пријавил кај Никола Димитров дека Бојан Јовановски му барал рекет. Како го коментирате ова?

Одговор: Драго ми е што вистината излегува на виделина, знаете дека Зоран Заев се закани дека ќе ме тужи за клевета за случајот Рекет. Јас пред неколку месеци на телевизиско соочување, односно дебата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавно во таа емисија го кажав тоа што го кажав денес, односно кажав дека еден амбасадор од земја членка на ЕУ реагирал кај министерот за надворешни работи, затоа што почесниот конзул на таа држава, за која еве сега е познато името, бил рекетиран од Бојан Јовановски и други лица поврзани со него, синот на Катица Јанева и останати. Тоа тогаш беше најостро демантирано од Никола Димитров дека таква работа немало, дека тоа било лага и така натака. Но, пред вистината и Боговите молчат. Еве после неколку месеци во судска постапка се потврдува дека Никола Димитров знаел за рекет и не пријавувал за рекет затоа што е кривично дело, и би сакал да го повикам ЈО и сите останати органи да го повикаат Никола Димитров и да го прашаат зошто не пријавил и соодветно да спроведат кривична постапка против него затоа што затскривање или не пријавување кривично дело е исто така кривично дело. Очекувам прво министерот за надворешни работи да поднесе оставка и потоа кривично да одговара поради тоа што не го пријавил случајот „Рекет“.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...