Бандата рекетарска губи контрола

Заев вели дека оваа криминално-рекетарска банда на власт продолжувала да исправа неправди! Нарачаните процеси од лустрацијата ќе останале само лоша меморија од времето на режимот.

Имено, Заев и СДСМ на денешната владина седница го усвоија предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни, бидејќи со тоа се исправа една долгогодишна неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за лустрација!

Со други зборови, “другари и другарки” Среќна Нова ‘49!!! Слободно “кодошете”, уништувајте човечки судбини, “јадете живи луѓе” … и не се секирајте – тука е Зоки … “наместете” го, “кодошете” го роднината, комшијата, колегата и “државата” ви “чува грб” … Кумровец пуштен на најјако!!!

Многу луѓе на ВМРО кои ја носеа идејата, кои го носеа столетниот идеал за Македонија, настрадаа поради кодошите и соработниците кои денес ги амнестира и наградува Зоран Заев. Ова, би рекол е финалето на “трговијата” и виткањето на кичмата на Заев.

Но, воедно нека се сетат и на жртвите и нивните наследници кои биле кодошени од соработниците кои сега ги штитат. Заев со ова плука врз Ристо Шишков, Методија Андонов Ченто, Живко Чинго, Љубиша Георгиевски, Гане Тодоровски….

И не само тоа, “оштетените” лица од лустрацијата (читај: “кодошите”) или нивните наследници имаат право на надомест на штета. Значи, ем ќе си “кодошат”, ем пари ќе си земаат.

Бандата рекетарска губи контрола. Ова е одлука за потхранување на суетите и лудоста на кодошите во врвот на партијата на власт која е во заминување.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.