Вистината е дека Заев не го пријавил „Рекет“, затоа што токму тој е главата на октоподот и на криминално рекетарската банда

Соопштение до јавноста

Зоран Заев ја излажа македонската јавност дека прв го пријавил „Рекет“ и се уште нема одговор како и кога го пријавил случајот во обвинителството.

Поминаа повеќе од 5 месеци откако Заев се пофали дека прв го пријавил случајот во Јавното обвинителство, но се уште во јавноста не е приложен никаков доказ за пријавата.

Доколку навистина тој прв го пријавил како што неговиот пи ар ја гради приказната тогаш нема да му претставува проблем да ја покаже службената белешка или записник од пријавата.

Според Законот за кривична постапка член 274 став 3 доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка. Воедно според Законот за јавно обвинителство член 39 во Јавното обвинителство прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани.

Врз основа на тоа Заев треба да знае и досега требаше да соопшти на кој ден, на кој начин и како го пријавил „Рекет“ и да ја покаже службената белешка или записник од пријавата.

Воедно самиот Зоран Заев ја постави за негова црвена линија Катица Јанева во истиот период кога се дозна за Рекетот, што е уште еден доказ дека ја лаже јавноста дека тој прв пријавил.

Вистината е дека Заев не го пријавил „Рекет“, затоа што токму тој е главата на октоподот и на криминално рекетарската банда. Затоа и обвинителството го направи целиот театар со случајот и го развлекува, за да може да се сокријат сите траги кои водат до Заев.

На целата јавност и е јасно дека Катица Јанева и Боки 13 не можеле на тој начин  да уценуваат бизнисмени доколку немале поддршка од врвот од власта.

Со Заев и Русковска обвинителство правдата не може да биде задоволена. Граѓаните очекуваат одговори и правда кои ќе дојдат после 12 април кога Заев ќе замине во историјата и ќе започне Обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...