Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање:Денеска премиерот Заев најави можно одложување на изборите доколку не се донесат законите за кои како што рече тој значеле живот за граѓаните. Каков е ставот на ВМРО ДПМНЕ?

Одговор на новинарско прашање:Па 24-ти  веќе  Декември, помалку од 10-тина дена од заминувањето на Заев од премиерската позиција. Веројатно човекот го фаќа паника и едноставно немање на друг маневар се обидува на секој можен   начин да проба да ги одложи изборите. Избори ќе има. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски, и од тоа нема бегање. Имаа три години да буквално ги донесат сите закони кои што сметаат дека ќе бидат од бенефит на граѓаните и од бенефит на Република Македонија меѓутоа тоа не го направија напротив една шајка не успеаја да заковаат овие три години немаат буквално еден проект кој што го реализираа. Единствено ги кочеа оние проекти кои што ги наследија станува збор за убедливо најнеспособната влада во историјата на државата и со сите тие работи кои ги имате на памет единствено логично е да пробаат да бегаат од избори но тоа нема да се дозволи избори на 12 Април ќе има.

Новинарско прашање:Господнине Јанушев  „Нема правда нема мир “ беше паролата која се користеше пред да се смени владата . Дали оваа парола сега одговара?

Одговор на новинарско прашање: Видете едно од работите кои што ги кажуваме е тоа дека во сите овие 30 изминати години без разлика која влада ја предводела државата главниот проблем кој што го имаме било што не успеале да направат вистински реформи  во правосудството така да паролата „Нема правда нема мир “ во овие сите 30-тина години може да се користи без притоа да напомнуваме која влада била на чело на државата. Тоа е факт и од тој факт нема бегање но сум убеден дека по 12 Април граѓаните ќе имаат можност да увидат дека работите ќе тргнат на подобро и дека обновата ќе почне а обновата ќе почне токму со промените кои што ќе ги спроведеме во правосудниот систем.

Новинарско прашање:Денеска е 24 декември, црн четврток. Досега никој не сноси одговорност за тоа. Кој е ваш коментар?

Одговор на новинарско прашање:Мојот коментар во однос на кој што се огрешил пред законот е можеби милијарда пати кажан во јавноста, а тоа е следното дека секој кој се огрешил пред законите  дека треба да одговара и треба да се престане со политиканството и со користењето на таа празна реторика  само во јавноста. Три години се на власт  доколку се што сметаа дека е криминал, требаше да поведат постапки.Меѓутоа не го прават тоа истото како што имавме последниот пример со уништувањето на инсулинот и како со многу други хеликоптерите, М-НАВ набавката, Рекет, Вирус се останато, гледаме само празни флоскули во јавноста. Тоа граѓаните во Република Македонија  го препознаваат, тоа граѓаните во Република Македонија  го гледаат и токму затоа ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на 12 Април.

 

 

 

 

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.