Мицевски: Единствената „транспарентност“ која што ја презентираат СДСМ пред граѓаните излегува од нивната фабрика за лажни вести

На денешната собраниска седница се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека денеска како точка на дневен ред го имаат предлогот за именување на директор за Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информација од јавен карактер. Функција односно место кое што треба да ги штити граѓаните за доаѓање до реални информации од институциите кои што ги водат раководни лица во моментот на СДСМ и кои иако се повикуваат на транспарентноста за жал ја имаме многу малку.

Зошто го почнав говорот односно дискусија на овој начин? Затоа што оваа Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информација од јавен карактер има форма на која што работи и врз основа на која раководни лица, институции, функционери треба да дадат повратни информации врз основа на прашањата како на медиумите кои што ги поставуваат до нив за доаѓање на овие информации, така и на сите граѓани во Република Македонија, објасни Мицевски.

Мицевски додаде дека неговото лично искуство од оваа Агенција за последниве три години е незадоволително од причина што има поднесено повеќе од 10 информации од јавен карактер и на истите има одговор на не повеќе од 3-4.

Кога ќе го зедеме процентуално тоа, значи институциите према Никола Мицевски како граѓанин на Република Македонија имаат одговорено само со 30%. Кога ќе го ставиме фактот дека се обраќам и како пратеник од Собранието на Република Македонија и како координатор на пратеничка група. И кога ние како лица избрани од граѓаните да ги претставуваме, да ги застапуваме меѓутоа и да вршиме надзор и сме некој коректив на работата на јавните институции во Република Македонија и не можеме да добиеме одговор на барани прашања од истите институции што останува за некој граѓанин кој што би сакал да се обрати и да добие некоја релевантна информација, заклучи тој.

Мицевски истакна дека транспарентноста и одговорноста на СДСМ ја нема воопшто. Раководните лица поставени од страна на СДСМ немаат намера да бидат транспарентни. Единствената „транспарентност“ која што ја презентираат СДСМ пред граѓаните излегува од нивната фабрика за лажни вести.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...