Вистинското лице на животот што го донесе Заев е насилство, криминал и пресметка со политичките неистомисленици    

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Вистинското лице на животот што го донесе Зоран Заев е насилство, криминал и пресметка со политичките неистомисленици.

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски доцна синоќа е претепан на крвнички начин, додека пешачел на пешачка патека. Претепувањето кое се случило е смислено и со цел. Власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски. Тоа е демократскиот капацитет на Зоран Заев и неговите насилници.

После прогоните и судските постапки, власта поминува и на брутално насилство и физички пресметки.

Како и вообичаено по секој кривичен настан, Оливер Спасовски и МВР немаат  реакција. МВР продолжува да молчи за овој случај.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува крвавиот напад.

Ваквото однесување покажува дека власта во заминување е исплашена и во паника не бира средства. На ваквото однесување мора да му се стави крај. Професионалците во МВР мора да се одважат и да ги откријат и изведат пред лицето на правдата насилниците и сите оние кои се инволвирани и кои што ја дале наредбата за напад. Ова насилство не смее да остане нерасчистено и покриено како останатите случаи во кои МВР по политичка нарачка ги штитеше криминалците и насилниците.

Зоран Заев и СДСМ се закануваат и ја злоупотребуваат власта. Времето на закани наскоро поминува.

За 10 дена завршува криминално – политичката коалиција на власта. Со заминувањето на Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе има и одговорност за секој еден кој што се огрешил пред законите.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....