Муцунски: Владата шири лажни вести за цените на патарините

Владата шири лажни вести за цените на патарините!
Според Директорот на ЈПДП Китанов патарините во нашата земја се “најевтини во регионот”.
Вистината е дека на пример во Турција (земја дел од нашиот регион) патарината за автопат од 400 километри на релација Истанбул-Анкара е приближно 300 денари, односно помалку од 1 денар за 1 километар. Дополнително, цените на нафтените деривати во таа земја се поефтини, а БДП по глава на жител и просечната плата се околу 50% повисоки.
Народот е осиромашен, ограбен и излажан.
Време е за промени!, напиша на својот Фејсбук профил Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.