Единствениот „ПУШ“ што го прави Заев е кон криминалот и рекетираните бизниси

Соопштение до јавноста – реакција на интервјуто на Зоран Заев дадено за Македонската радио телевизија

Единствениот „ПУШ“ што го прави Заев е кон криминалот и рекетираните бизниси. Се друго е нереалност и розеви очила платени со државни пари и скапи спотови од СДСМ.

За три години, Заев ја донесе Македонија на врвот на најкорумпирани држави, со над 47,6 проценти невработени млади луѓе, над 500.000 луѓе на работ на сиромаштијата, катастрофална економија со нула странски инвестиции, нефункционално образование, криминално здравство, понижени земјоделци.

За лошото и расипничко владеење говори и фактот дека Република Македонија не започна преговори со Европската унија.

Заев за три години не успеа ниту да го реши проблемот со загадениот воздух, а во 2016 година се фалеше дека има стратегија и изготвена студија.

Заев се што вети за се излажа и тоа го знаат граѓаните.

Заев е во страв и паника и се обидува да ги манипулира граѓаните и ја навредува нивната интелигенција.

На 3 јануари Заев заминува од владата, а на 12 април во политичка пензија.

На Македонија и е потребна Обнова, а на граѓаните вистинска грижа и решавање на нивните проблеми, а тоа е можно само со ВМРО-ДПМНЕ.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.