Димков: Барам измена на законот за лицата со попреченост со цел унапредување на нивната положба и права

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков побара измена во три точки во Предлог законот за изменување на законот за лицата со попреченост се со цел нивна независнот и остварување на основните човекови права.

-Го користам моето деловничко право да побарам измена во три точки, сметам дека сум во право бидејќи се поврзаи со една точка која е многу важна се работи за лицата со попреченост и мислам дека во овој дел ќе најдете можности да се надминете, бидејќи се работи за една хумана работа нешто што и денес треба да го потврдиме, заеднички носиме една декларација. Барам точката 21 предлог закон за изменување на законот за вработување на инвалидни лица по скратена постапка да оди како точка број 2. Точката 22 предлог закон за изменување на законот за инвалидски организации да оди под реден број 3. и точката 23 предлог закон за изменување на закон за употреба на знаковниот јазик по скратена постапка да оди под реден број 4- нагласи Димков.

Димков во понатамошната дискусија истакна дека го радува предлогот за декларација за лицата со попреченост која што е на дневен ред на денешната седница и дека тоа е нешто најдобро според него бидејќи се останато што се случува во собранието е многу невкусно. -Бидејќи се работи за лицата со попреченост барам овие точки во кои се засегнати овие лица со попреченост да не биде само декларативно туку реално да ги поставиме работите и да дискутираме за нив, затоа барам да имаат можност да бидат ставени на почетокот на дневниот ред.

Според Димков за да можеме да кажеме дека живееме во вистинско демократско општество потребно е на секој граѓанин да му се овозможат основните човекови права.

-Моменталната поставеност на законите и прописите се такви, така што ги ставаат лицата со попреченост во состојба да бидат зависни од други лица. Наша цел е да им овозможиме на овие наши сограѓани да бидат самостојни и независни индивидуи кои ќе одлучуваат самите за себе, заклучи Димков

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...