Ѓорчев: Пратениците на СДСМ и министерката Царовска да престанат да го блокираат зголемувањето на пензиите

Интегрален текст од изјава за медиуми – Влатко Ѓорчев, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Оваа прес конференција е посветена на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и на она што е многу важно за стотици илјади граѓани на Македонија, а тоа се пензиите.

Почитувана македонска јавност, со жалење може да се констатира дека денес ова утро, пратениците на СДСМ односно ниту еден од пратениците од СДСМ, но и неприсуството на министерката Мила Царовска, не присуствуваа на седницата на Комисијата за труд и социјална политика. Имаме кочење на зголемувањето на пензиите за пензионерите.

Денес ова утро видовме како Мила Царовска, пратениците на СДСМ и СДСМ како партија го блокираат зголемувањето на пензиите за пензионерите.

Ова утро имавме закажано Комисија за труд и социјална политика во 10 и 30 часот. Ниту еден пратеник од СДСМ не беше присутен. Дури во 11 часот една пратеничка на СДСМ дојде и кажа ајде да почнуваме со работа. Како да почнеме со работа кога немаме кворум, како да почнеме со работа кога ниту еден пратеник на СДСМ не беше присутен, како да почнеме со работа кога го блокираат зголемувањето на пензиите со доставени 200 закони во овие две недели.

Никогаш, 30 години наназад во Собранието немало 200 доставени закони за две недели. СДСМ го блокира работењето на Собранието.

Имаме ситуација во која што изминативе три години СДСМ има предложено 300 измени на закони. Сега, во две недели 200 закони ќе менуваат. Ако претходно сме имале 100 закони годишно, сега имаме 100 закони неделно.

Ги повикувам Мила Царовска, пратениците на СДСМ како и СДСМ како партија да не го блокираат зголемувањето на пензиите. Се работи за важно зголемување, се работи за пари и средства кои што ги очекуваат пензионерите и се работи за несериозност на СДСМ.

Пратениците на СДСМ треба да дојдат на нивното работно место. Ај што не се јавуваат за збор, ај што молчат, ај што имаме десетици пратеници од СДСМ кои што година дена еднаш немаат земено збор во ова Собрание, барем нека дојдат и да ги поминеме законите како што е овој за зголемувањето на пензиите.

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....