Бојковски: Предложениот буџет за 2020 е најнеразвојниот буџет кој досега го имала општина Гази Баба

Интегрален текст од изјава за медиуми – Тони Бојковски, претседател на Советот на Општина Гази Баба

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија на Гази Баба на денешната седница на советот на општина Гази Баба ќе се спротивстави на носењето на најнеразвојниот буџет кој досега го имала општина Гази Баба.

Во предложениот буџет за 2020 година од страна на градоначалникот Борче Ѓорѓиевски нема средства за капитални инвестиции. За време на кампањата Борче Ѓорѓиевски на граѓаните на Општина Гази Баба им ветуваше едно, а денес кога веќе му минува и третата година од својот мандат нереализира ништо.

Во буџетот кој самиот го предлага за 2020 година нема предвидено средства за изградба на детски градинки во Инџиково, Трубарево и Ќерамидница кои му беа ветувани на изборите, а нема ни средства за затворениот базен во Хиподром, ниту катна гаража во Маџари. Средства нема ниту за нови канализациони и водоводни мрежи и конечно најголемата лага на Борче Ѓорѓиевски е гасификацијата во овој буџет не е ниту спомната.

Во изминатиот период како советници одржавме низа средби со граѓани на кои ги слушнавме нивните проблеми за кои од предложениот буџет од страна на СДСМ нема место. Па поради тоа како советничка група веќе работиме на подготовка на нов буџет и програми кои ќе бидат развојни и ќе ги решаваат суштинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Гази Баба и истиот ќе го предложиме и усвоиме во најкраток можен рок.

Граѓаните на општина Гази Баба заслужуваат одговорна локална власт. Промените во Република Македонија доаѓаат, време е за промени и во општина Гази Баба.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...