Заев знае дека доаѓа неговиот крај и по 12 Април тој ќе замине во историјата како најлош премиер на Република Македонија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Истекува мандатот на Заев и тој никогаш повеќе нема да биде премиер на Република Македонија.

Заев ќе остане запаметен како премиер кој целосно заборави на  пензионерите. Пензионерите не забораваат дека Заев за цела 2019  им одзема 6 900 денари.

Срамно е и безобразно оваа влада да се фали дека води грижа за стечајните работници кога оваа категорија се појави како резултат на претходни лоши политики на СДСМ.

Заев ќе остане запаметен и како премиер кој  се обиде на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, да ги злоупотреби помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.

Но, Заев добро знае дека доаѓа неговиот крај. По 12 Април тој ќе замине во историјата како најлош премиер.

По победата на 12 Април новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе правдата, промената и обновата на Република Македонија.

 

 Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....