ВМРО-ДПМНЕ вети милијарда евра за гасификација и мерки за животната средина

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред огромниот број на граѓани на  собирот порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи не помалку од една милијарда евра за заштита на животната средина.

-Да ни дишат најмилите чист воздух. Проекти во енергетската ефикасност и брза, експресна гасификација на Македонија. Не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, тоа е невозможно, но можам да ви ветам најмалку 50% почист амбиентален воздух за македонските граѓани, порача тој.

Вети инвестиции во образованието, за најмалите од претшколска возраст, за студентите обнова на студентските домови, најмалу еден универзитет на Шангајската листа.

Во образованието, Мицкоски вети инвестиции во вредност не помала од милијарда евра.

-Не криминални тендери во здравството, не криминални тендери за нови замислени клинички центри. Нови болници и реновирани амбуланти, клинички центри според потребите на граѓаните, повеќе од 2 милијарди евра во еден мандат инвестиција во здравството и во медицинскиот кадар. Да не ги полниме клиниките во Европа и во светот со нашите доктори, тука да останат во Македонија и да ги лекуваат македонските граѓани, рече Мицкоски.

Меѓу многуте проекти кои ги кажа, најави и дека за земјоделците подготвуваат специјален пакет, редовна исплата на субвенциите, а не редици еднаш годишно.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...