Мицкоски: Македонија се буди, Македонија го враќа ударот кон сите кои удираа по Македонија

Придружете во овој бран на промени и верба во принципи. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, сиромашни и богати, работници, земјоделци, стопанственици, учителки, наставници, лекари, патриоти да застанеме заедно зошто само така ќе ја донесеме обновата, им порача Мицкоски на граѓаните на големиот народен собир.

-Вистинскиот херој сте токму вие, македонскиот народ, народот на Македонија, нејзините граѓани. Вие сте херојот кој е тука низ сите битки и премрежја пред кој јас се поклонувам и симнувам капа и се поклонувам со раката на моето срце. Вие сте херои на оваа семја, секој еден од вас. 12-ти април е тој ден, а денес Македонија е на нозе. Доаѓа обноватаа се работи за една цел, да ја смениме оваа корумпирана влада и политичари, и да изградиме влада која ќе ви служи вам, на македонскиот народ, граѓаните на Македонија. Со целото срце, со силна верба, пот и жилава истрајност се исправаме и ќе се избориме за правда, ќе се избориме за принципи, ќе се избориме за промени, ќе се избориме за Македонија да победи. Победата ни е потребна за обнова, зошто само така ќе ја оправдаме нашата кауза и нашата верба дека Македонија има иднина, рече тој.

Таа победа, рече Мицкоски, е потребна затоа што ја сакаме оваа земја со целото наше срце.

-Тоа е борбата и за вашите семјества, борба за вашето достоинство, чест и углед, борба за превземањето на судбината во вашите раце, и иднината на нашата убава Македонија. Досега секогаш бевте лојални на Македонија, време е да имате Влада и премиер кој ќе ви биде лојален вам. Кажете им „Македонија се буди, Македонија го враќа ударот кон сите кои удираа по Македонија“. Заедно ќе ги решаваме проблемите. Заедно ќе донесеме иднина во која веруваме, порача Мицкоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...