Денес пред големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ „Обновата доаѓа“, за вестите на МРТ1 изјава имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што посочи дека обновата доаѓа на голема врата, крајот на Заев и СДСМ е поочигледен и се ближи.

-Следната недела ќе ги имаме сите оние потребни состаноци, зборам за Извршниот Комитет, на Централниот Комитет и со мали консултации на раководството ќе ги предложиме тие луѓе. Набрзо за една недела сите ќе ги знаете имињата, образложи Мисајловски.

Мисајловски додаде дека набрзо следат нови кадри, свежи кадри, чесни кои ќе го имаат оној принцип кој што секој граѓанин се бори за тоа, а тоа е праведност, чесност и работливост.

-Затоа за многу брзо време, Заев ќе си замине од премиерското место. Мислам дека сите тоа го очекуваат во Република Македонија. Ќе дојде нова свежина од нови луѓе. Но тие луѓе јас од сега би кажал дека мора да се борат за граѓаните. Тие луѓе треба да бидат слуги на народот, нагласи Мисајловски.

Мисајловски истакна дека на следните предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ќе победи.