Честитка од Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод 21 декември – Денот на наставата на турскиот јазик

Честитка од на  Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод 21 декември – Денот на наставата на турскиот јазик

Дозволете ми, во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам 21 декември – Денот на наставата на турскиот јазик.

Мајчиниот јазик и националната мисла отсекогаш биле и останале обележје и нераскинлив дел од идентитетот на секој од народите. Република Македонија знае да ги цени таквите обележја, тоа претставува и наша трајна определба. Истите тие обележја треба да ги негуваме и прославуваме како еден од нашите основни општествени постулати. Ваквото одбележување претставува совршен пример за почит кон јазиците, културата и традициите на заедниците во една држава.

Пред неколку години Парламентот во кој што мнозинството го имаше токму ВМРО-ДПМНЕ донесе законски измени со кои се овозможи прогласување на денот на настава на турски јазик за државен празник. Така и ќе продолжиме да градиме мостови на соработка и политика на подадена рака. Јазикот на еден народ треба да поврзува, а не да разединува. Таа политика на соработка мора да опстои во овие времиња на предизвици и тежок живот на граѓаните. Турците во Македонија ја делат тешката судбина со останатите граѓани, а наша обврска ќе биде да му помогнеме на секој еден човек, да работиме на решавање на проблемите и обнова која ќе значи сигурна иднина.

Ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека ви е честит 21 декември – Денот на настава на турски јазик !

 

 

 

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...