Васев: Заев и СДСМ вршат масовна партизација во МЕПСО

Интегрален текст од изјава за медиуми – Светислав Васев

Почитувани,

Зоран Заев изврши масовна партизација во МЕПСО. За три години колку што е на власт го зголеми бројот на вработени за 40%.

Откако се дојдени на власт СДСМ до сега вработени се 160 лица, за на 11 овој месец да распишат оглас за уште нови 63 нови вработувања. Да 63 нови вработувања на 15 дена пред техничка влада. Огласот е распишан, а не е објавен ниту на интернет страната на АВРМ, ниту на другите релевантни страници.

МЕПСО буквално е претворена во фирма за вдомување на партиски активисти на СДСМ и нивни роднини.

СДСМ во МЕПСО ги вработи своите невработени советници од Советот во општина Аеродром почнувајќи од претседателката Ивана Цветковска, завршувајќи со советниците Дејанчо Тенев, Аида Хочиќ и Маја Милановиќ Михајловиќ.

Дали и новите 63 вработувања се по сличен шаблон, па затоа огласот се крие и не се објавува, за што помалку кандидати да се пријават!?

Очигледно е дека наместо за развој на државата, СДСМ троши за партиски вработувања. СДСМ е спротивност од тоа што ветуваше. СДСМ прокоцка три години од животот на граѓаните и време е да си замине.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.