Николоски тврди дека Заев лаже дека го пријавил случајот Рекет

Има ред како се пријавува во обвинителство. Тој тврди дека го пријавил овој кривично правен настан. Ако го пријавил овој кривично правен настан треба да има белешка, втора важна работа е дали Зоран Заев ќе сведочи во Рекет, не сме виделе дека е поканет да сведочи во Рекет, а некако ни самиот не прифаќа еве јавно нека излезе и нека каже еве би сакал да сведочам и да кажам што знам, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија АлсатМ на емисијата 360 степени.

Тој укажа дека Заев едноставно не сака да се појавува во судкиот спор.

-Обвинителството не сака да го викне за сцедок зошто им е страв. Обвинителот го именува собраниското мнозинство. Овие кои се жртва се уплашени зошто е власт. Он треба да каже дека сака да сведочи. Но, не го прави тоа зошто лесно може од сведок да одди во обвинет и затоа се обидива вака да се испере, мене ќе ми поднесува тужби, ќе кажува дека тој пријавил, а не пријавил и да не се појавува во судскиот спор, посочи Николоски.

Тој рече „не сакам да прејудицира дали има докази кои водат директно до него, до Заев, тоа е работа на судот и обвинителството, еве мислам дека има такви материјали“.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.