Ѓеорѓиевски: Имаше брутален случај на малтретирање и изнуда, а Спасовски и неговиот соработник Велковски одлучуваат да ја гонат жртвата, а не криминалците

Интегрален текст од прес конференција за медиуми – Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Оливер Спасовски е најлошиот и најнеспособниот министер во историјата на Министерството за внатрешни работи.

МВР водено од него, наместо за почит, служи за потсмев. Само криминалците слават бидејќи добија простор за непречено делување.

Спасовски заминува од министерската фотелја без да реши ниту еден посериозен случај. Спасовски го напушта кабинетот со уште еден скандал во режија на неговите соработници од којшто се срами секој профeсионалец во полицијата.

Ова е информација на МВР испратена до медиумите на 16-ти декември или точно пред четири дена.

Во неа Оливер Спасовски и неговиот соработник Лазе Велковски, добро познат како Лазе Евридики, во моментов шеф на одделот за организиран криминал се фалат како расчистиле случај на лажно пријавување на грабнување.

Во дописот стои “Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и СВР Скопје вчера околу 19 часот на улица „Шуто Оризари“ го лишиле од слобода М.К. (29 годишен) од Битола поради основано сомнение дека е инволвиран во фингирано извршување на кривични дела грабнување и изнуда”.

Значи, не ги интересира ниту тоа што лицето било цело облеано во крв, не ги интересира ниту дали заради нивната желба да се пофалат дека нешто сработеле криминалците ќе останат на слобода. Не ги интересира ништо, едноставно информираат дека „случајот е расчистен односно утврдено е дека станува збор за фингиран настан”.

Три дена подоцна, ЈО излегува со сосема поинаква информација. Покрената е истрага за грабнување на три лица и за сите тројца изречена е мерка притвор. Вчера во соопштението на ЈО се вели “Осомничените, во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019, заедно договорени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со  употреба на сила спрема едно лице од Битола ги присилиле неговите родители да им дадат паричен износ од 1600 евра.

Тие го држеле оштетениот затворен во стан во скопската општина Аеродром, го тепале со тупаници и други предмети по главата и телото, го сечеле со жилет по грбот, па потоа му турале сол и парфем на раните”.

Значи имаме брутален случај на малтретирање и изнуда, а Спасовски и неговиот соработник Велковски одлучуваат да ја гонат жртвата , а не криминалците. Имаме сечење со жилети и изживување, а МВР воопшто не тргна против насилниците и криминалците.

Што треба да се случи за Спасовски и неговите соработници да понесат одговорност? Ова е срам за полицијата, без разлика дали е сторено намерно за да се заштитат криминалците или заради неспособност.

На вакви дилетанти не им е местото во МВР. После 12-ти април, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе институциите ќе се испита целото незаконско однесување на сите поединци и одговорност ќе има.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....