СЈО требаше да биде лулка на правдата, а стана дувло на корупцијата

Во вечерашното гостување во емисијата Клик плус, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски изрази револт и големо жалење за тоа каков е правосудниот систем во Република Македонија. Тој потенцираше дека сме сведоци на многу компромитирачки одлуки и пресуди, дека некои луѓе не одговараат за големи криминали, а некој лежи со години во затвор за минорни ситни прекршоци.

“Би сакал да напоменам дека правосудството во Република Македонија е на незавидно ниво. Она што се случува во Република Македонија скоро три години наназад е срамно за една држава која е претендент за членка на Европската унија. Се формираше СЈО за да има уште посилен мониторинг во однос на некои случаи кои беа актуелни за јавноста, но наместо мониторинг сведоци сме на можеби најголемиот криминал кој се случил во поновата историја. СЈО требаше да биде лулка на правдата, а прерасна во дувло на корупцијата. Тоа е жално и одговорност мора да има”, вели Мицкоски.

Судството во Република Македонија мора да добие нова димензија. Една држава може да гради европски перспективи врз основа на здраво правосудство без корупција. Тоа е она што и треба на нашата држава, а ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го испорача веднаш по 12-ти април 2020 кога ќе дојде обновата на Македонија, истакна Мицкоски.

На 12-ти април 2020 година, народот на Република Македонија ќе се издигне од пепелта во која се наоѓа и ќе почне да живее достоинствен живот каков што заслужува. Една од најважните работи на кои ќе се посветиме ќе бидат реформите во правосудството. Без правна држава, нема силна држава, заврши Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.