Митоска до Владата: Овој буџет не носи перспектива

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митоска. Таа кажа дека буџетот кој го предложи владата за 2020 година не носи перспектива во ниту еден сегмент.

– Ве молам кажете ми со што во обој буџет ќе допринесете за граѓаните да се почувствуваат посреќно во сопствената држава. Што од овој буџет е предложено за граѓаните на Македонски Брод? Ве молам кажете ми една работа која што е предложена во буџетот за 2020 а со која што ќе им го подобрите животот на вашите сограѓани праша Митоска.

Таа дополни дека нема ниту еден проект реализиран во последните три години во Македонски Брод и дека граѓаните нема да видат никаква перспектива од буџетот кој што по сите основи е популистички.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.