Дамчевска-Илиевска: Власта кажува бројки и идеи за подобрување на животот кои се апстрактни

На денешната седница во Собранието на Репубика Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска -Илиевска изјави дека таа поднела 12 амандмани но ниту еден не и бил прифатен, а се работело за теми кои се горливи за граѓаните како немањето вода атмосферски канализации и инфраструктура, но исто така ја обвини и власта дека кажува само бројки и идеи за подобар живот кои се апстрактни и од кои граѓаните немаат ништо.

– На комисијата за финансии каде што ние пратениците од комисијата го користевме единствениот инструмент кој што ни стои на располагање да лобира, да поднесува амандмани за подобрување на состојбите во нашите населени места од каде што доаѓаме како пратеници, а сепак буквално сите освен еден или двајца не бевме удостоени со прифаќање на амандманите, нагласи Дамчевска-Илиевска.

Во понатамошната дискусија таа упати прашање до власта дали овој модел веќе е застарен и дали треба да се размислува за некој нов модел во кој што нема мнозинството секогаш да се наметнува над малцинството.

-Во прашања кои што се навистина многу горливи и кои што се навистина можеби единствената надеж за граѓаните кои ја гледаат во нас во поднесувањето на тие амандмани, јас поднесов 12 амандмани но ниту еден не ми беше прифатен, граѓаните очекуваат дека ќе ги убедите властите, а вие кажувате бројки и идеи за подобрување на животот кои што многу убаво звучат но се апстрактни и конкретно можам да кажам дека од средината од која што доаѓам буквално граѓаните се молат за вода, за инфраструктура, за атмосферски канализации, за нешто што навистина во 21 век е многу болно да се бара и да се биде одбиеен, заклучи Дамчевска-Илиевска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.