Ангеловска лаже како нејзиниот ментор Зоран Заев

Соопштение до јавноста – реакција на изјава на Нина Ангеловска

Нина Ангеловска лаже како нејзиниот ментор Зоран Заев.

Ангеловска заедно со Манчевски вршат груба партизација во државните институции.

Изборите се ближат, уплашени од поразот кој што ги чека засилено ги партизираат институциите. Секој ден се нижат незаконски вработувања на партиски војници.

Ангеловска лаже кога  тврди дека вработувањата по институциите се поради природен одлив-пензионирање. Во 2018 година во МИОА имале пензионирани 35 лица!? На последниот оглас, МИОА распиша оглас за 35 извршители. За да се увери Ангеловска колкави се злоупотребите и да сфати кои се последиците од нејзината авантура во МФ, нека ги погледне последните огласи и во МЗШВ- 20 извршители, Катастар-23 извршители, Министерство за култура – 12 извршители, Општина Ѓорче – 13 извршители.

Сите злоупотреби кои што ги врши Ангеловска заедно со криминалната власт ќе бидат достапни на граѓаните за многу кратко време и тогаш точно ќе се знае дали вработувањата се поради природен одлив или за партиски и предизборен поткуп!

Обновата на Македонија ќе допре до сите пори на општеството и ќе одговараат сите кои ја злоупотребиле функцијата и Буџетот на Република Македонија.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...