Само Заев не одговара за криминалот во државата

Соопштение до јавноста –  реакција на прес конференцијата на Дамјан Манчевски

Не е прав, туку крив пат кога судии го амнестираат Зоран Заев за поткупот кој на снимка целата јавност го виде.

Секој човек или службеник во независно судство би одговарал за ваков криминал, само Зоран Заев не одговара, па згора на се и се мајтапи со правосудството.

Не е прав, туку крив пат кога правосудниот систем не смее да ја прошири истрагата за Рекет 1 и 2 и ја влече со месеци, иако целата јавност бруи дека врвот на власта е замешан во милионските рекети, но од  ЈО  никаква реакција.

Не е прав пат, туку крив пат кога за Драги Рашковски, Венко Филипче, Ден Дончев и другите функционери од власта не смее да се отвори истрага затоа што се блиски до Зоран Заев.

Не е прав пат, туку крив пат кога се плаќаат илјадници евра за партиски реклами, а се ветуваше дека рекламирањето ќе се сведе на нула. Тоа е лицемерие и безобразие.

СДСМ треба да сфати дека три години беше власт и имаше можност да го реализира она кое што го ветуваше. Времето помина, а тие ништо не реализираа. Сега е време да си заминат затоа што не знаат како да работат.

Следува  обнова на Македонија и одговорност за сите кои ги злоупотребија институциите.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....