Одговори на новинарски прашања – прес конференција на Христијан Мицкоски

Одговори на новинарски прашања од прес конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Прашање: Господине Мицкоски зошто не присуствувавте на годишното обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието?

Одговор: Неканет гостин е недобредојден гостин. Не бев поканет ниту на инагуарацијата, а не бев поканет ниту на ова годишно обраќање на господинот Пендаровски, бидејќи првиот пат беше протоколот грешка, а сега ќе слушнеме претпоставувам нешто слично без да има никаква одговорност. Така што лицемерието е на максимум, едно се зборовите, едно е реториката, она што го слушнавме може да кажам дека е една бледа копија на она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го зборуваме, но испораката за жал ја нема. На кратко не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на господинот Пендаровски.

Прашање: Како го коментирате обраќањето на Пендаровски, воедно тој повика на граѓанско помирување, исто така и прочистување во судството и уште едно прашање дали се познати кои ќе бидат министри?

Одговор: видете многу е едноставно да се констатира што не е во ред како дијагноза, но прашањето е тие луѓе што имаат можност каков рецепт за надминување на таа дијагноза нудат. Но, јас не слушнав од обраќањето било каква понуда, освен неколку работи кои што ги ископирал од она што ние го говориме недели наназад, поврзано со одговорност не само на судии и обвинители, туку и на политичари, нивни семејства, поврзано со лошото функционирање на судовите, обвинителствата итн. Јас апсолутно не слушнав од господинот Пендаровски некаква понуда да каже ова и ова треба да се случи, така што помина тој говор како што помина и претпоставувам дека тој ќе биде задоволен, неколкумина околу него ќе му викаат „Браво шефе одличен беше“, но за жал по ништо нема да остане запаметен овој говор на господинот Пендаровски, освен по тоа што не успеа да најде храброст и без дозвола на неговиот стопан да го повика лидерот на опозицијата присуствува по втор пат. Првиот пат беше нели на инагуарацијата, сега еве втор пат на неговиот новогодишен или предновогодишен како да го наречам говор.

Имињата ги немаме кога ќе ги имаме, јавноста ќе биде благовремено запознаена.

Прашање: Како ги коментирате резултатите од Транспаренси интернешнал во однос на Македонија каде што вчера објави дека три институции царина, министерство за здравство и министерството за труд се најкорумпирани во државата?

Одговор: јас како што кажав сето она кое што го говори Зоран Заев изминатиот период на дневна основа се демантира од страна на меѓународните институции. Тука ќе споменеме  и оној извештај од УНДП каде што вели дека практично неговата класична политика кога говореше „Едно општество за сите“ се распаѓа. Ние сме на дното во регионот. Нашата држава е последна по тоа што нашето општество нуди еднаква можност за развој на сите граѓани.

Така што потоа „Економист“ каде што Македонија е трета земја во светот каде што имаме најголема стапка на невработени млади луѓе, а од друга страна ќе ви понудат онака помалку лицемерно 120 денари за оброк на студентите. И сосема на крај еве вие реферирате на оној Извештај на транспарентност каде што практично она што јас го зборував на денешната прес конференција е една од тие институции, а тоа е министерството за здравство, се констатира дека практично преставува институција каде што корупцијата царува. И не е оправдување дека во минатото било така. Ако било така во минатото треба да се преземат мерки да видиме и да ги лоцираме виновниците. Кои се тие кои што во минатото направиле да тоа министерство биде корумпирано. Но гледаме дека и актуелната менаџерска структура од тоа министерство кое што ја предводи СДСМ и господинот Венко Филипче продолжува да ја зголемува и тоа го констатира „Транспарентност Интернационал“. Разочарување, секој ден  имаме разочарувања, деманти на политиките кои што Владата ги прави, ги соопштува на јавноста.

Прашање: Кога го спомнувате случајот „Рекет“ велите дека на снимката каде што се изнесува торбата од домот на Боки се гледа кое е лицето, дали Вие сте ја виделе снимката?

Одговор: Не, јас само се повикав на сведочењето на господинот Бојан Јовановски, осомничениот кој што рече ако не ви е јасно каде заврши торбата од Луј Витон, погледнете ја снимката од безбедносните камери во мојот дом, и ќе ви стане јасно. И никој до ден денеска не го постави тоа прашање. Како тој кажа, така се затвори за јавноста, се надевам дека еве денеска дека ја го поставувам ова прашање дали истрагата ги прегледа снимките од домот на Бојан Јовановски? Дали од тие снимки можеме да заклучиме кои се гостите кои што го посетувале господинот Бојан Јовановски? И конечно на крај легитимно прашање до истрагата дали од таа снимка од безбедносните камери од домот на Бојан Јовановски може да се констатира каде завршува торбата Луј Витон? Бидејќи само тој тоа го кажува во процесот.

Прашање: За 15-тина минути ќе започне комисиската расправа за измените во Изборниот Законик, ја закажаа во 14 часот, нејзиниот претседател Кирацовски рече дека ја закажува но не може да стигне. Како го коментирате тоа  што влегуваат во процедура овие измени кои што ги предложи власта со помалите партии кои што предлагаат една изборна единица во ситуација кога имаме 6-7.000 амандмани? Практично извесно е дека до распуштањето на Собранието нема да влезе на пленарна.

Одговор: Три години ги преспа. Три години имавме декаденција, примитивизам, разочарување, понижувања и денеска ние станавме држава каде што владата на дневна основа побрзо од усаинт болт на 100 метро ни лиферува закони во рамките на Собранието. Имаме во еден ден 200 закони кој што беа лиферувани, имаме покачувања на плати, на пензии сето тоа 3 години го преспаа, негативни беа претходно мислењата и сега наеднаш веднаш им текна дека тоа треба да го направат, не случајно се разбира  мислат дека на тој начин народот ќе заборави за сето ова што го зборував, за сиот примитивизам, декаденција, понижувања, омаловажување, криминал, корупција и сега наеднаш со 500 денари плус вие ќе ја купите неговата волја и тој ќе заокружи за СДСМ и Зоран Заев. Тоа така не иде и тоа ќе го видат на 12 Април 2020. Вклучително и ова што и вие ме прашувате, а тоа е изборниот законик денеска повторно егзабиционистички  почнуваат една процедура која што ако беа чесни и честити ќе ја почнеа една година порано, немаше сега на три месеци пред избори да ја почнуваат обидувајќи се да ни кажат дека ако се сменел законот тогаш ќе имало поголема демократија и поголем број мали партии ќе биле дел  од македонскиот парламент. Јас тоа го зборував во минатото и го коментирав, еве ќе ја искористам и оваа прилика да дадам одговор на вашето прашање. Ако ја споредите Македонија да речеме со една Естонија, со една Словенија  отприлика географски и по број на население идентични држави ќе видите дека во нивните парламенти немате повеќе од 7 до 9 политички партии, во нашиот имате 23 политички партии. Една Германија ако ја видите исто таму кај нив немате  повеќе од 9 политички партии, 517 пратеника. Погледнете еве Британија ви е последен пример колку партии влегоа во Британскиот парламент. Дали ние сме позрела демократија од британската или пак од германската. Јас би рекол дека не сме, ако не сме тогаш ајде да се вразумиме, да седнеме и да преговараме. Тоа го предлагавме и тоа го правевме со СДСМ, дојдовме до договор.

Пред да заминам на службено патување во Франција дојдовме до договор, договорот беше со заеднички вовед каде што велиме дека сега поради краткото време, односно три месеци до изборите и препораките на ОБСЕ и УНХР не сме во состојба да го смениме изборниот законик, но веднаш по завршување на изборите се обврзуваме да седнеме со СДСМ и да разговараме.

1.За промена на изборниот модел

2.За промена на изборниот модел во насока на тоа да имаме таканаречени отворени листи или преференцијален модел кој што освен во Косово каде што се броеја гласовите еден месец и каде што имаме 3 пати повеќе неважечки ливчиња, не би можел да реферирам за некоја друга таква држава за следните локални избори. Вие извлечете го заклучок, јас нема да се служам со тоа ги лажеше, едноставно не беше честит и не беше искрен и не ја говореше вистината.

Еве ова е вистината. И што се случи потоа. Имаше два текста, велиме изберете го тој кој што вие мислите дека е добар, еве ние ќе се сложиме. Во ред за да добиеме потоа порака дека тоа не било политички договор за нив и затоа тие се премислиле, ова што сме се договарале веќе не важи и сега ќе треба повторно егзибиции да правиме пред јавноста за да не ја говориме вистината, да се срамиме, да венееме, ете тоа е суштината.  Така што повторно СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и тие таму малкумина обожаватели на ликот и делото на  Зоран Заев, повторно не се искрени и честити спрема граѓаните и повторно партискиот интерес е над државниот интерес и се случува вакво срамење и ја оптеретуваме јавноста со небитни теми. Но ќе дојдам до суштината. Темата за нив е битна, затоа што наместо сега вие да ме прашувате за Рекет 1, 2, Инсулин итн ние зборуваме за тема која што е затворена и апсолвирана. И затоа ве молам немојте да наседнувате во овие политички стапици кои што ги приредуваат Заев и Шекеринска. Суштината е како да дојдеме до вистинските сценаристи, инспиратори и организатори на криминалот и корупцијата во оваа држава. За тоа да зборуваме и за тоа да бараме одговорност. Изборниот законик сега не може да се промени, ќе се промени после изборите, ќе седнеме ќе разговараме, заедно го договоривме, ќе разговараме и за моделот и за преференцијален и непреференцијален итн сега нема време. Но ајде да зборуваме за криминалот, ајде да видиме што има во таа камера која што е инсталирана во домот на Бојан Јовановски. Кој е тој  од влада што му дојавил на Бојан Јовановски кој видно нервозен како што шпекулираат медиумите му се јавил на веќе осудениот во рекет 1. Ајде да видиме што се случува со сведочењето на бизнисмените коишто биле жртви на рекет. За тоа треба да зборуваме тоа е суштината, а ние ако зборуваме за изборен законик суштината ќе ја изгубиме. Изборниот законик ваков каков што го предлага СДСМ не се искрени не ја говорат вистината не се честити и нема да биде донесен. Дали виновниците ќе сносат одговорност за овој криминал ние нема да бидеме подобро општество ако имаме пререференцијални листи или нема да имаме. Но ќе имаме подобро опште4сво ако инспираторите и сценаристите на ова сносат одговорност.

Прашање: Не му се слушнало ни трага ни глас еве ние бараме одговори од српските органи никој ништо не кажува она што се шпекулира во јавноста е дека кај него постои некаков, некое УСБ на кое што има некои инкриминирачки материјали за господинот Заев и некои други политичари, сте побарале ли вие некакви одговори каде е Палевски дали е здрав и жив, дали е точно она што се шпекулира во јавноста?

Одговор:  Истото што вие сега ме прашувате истото и јас сум го слушнал постојат некаков вид на такви материјали сум слушнал и се шпекулира во јавноста дека постои некое такво УСБ стикче кое што во судските, односно во обвинителството е заведено под број NSKRO 74/17 и дека на тоа стикче има доста работи со кои што можеби треба да се позанимава македонската јавност но сето ова е на ниво на шпекулации јас немам потврдени информации за ова кое што вие ме прашувате и за она кое што јас го слушам но навистина ако ова е точно тогаш е катастрофално дури и го повикувам обвинителството дури и до таму се оди во тие шпекулации дека тоа стикче било најдено во моментот кога е вршен претрес кај еден од осомничените во случајот рекет  1, и дека се наоѓа во обвинителството така што ако ова е вистина кое што вие ме прашувате а јас исто така го слушам на ниво на шпекулации тогаш навистина ќе биде уште еден пораз за македонското обвинителство и за македонското судство и доказ дека се тие денеска реформирани од како што велеше порано Зоран Заев од Сваровски во Луј Витон правосудство.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.