Од Пендаровски слушнавме дијагнози, но не и конкретни решенија

Интегрален текст од изјава за медиуми –  Илија Димовски, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани ,

Во име на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ би сакал да споделам дел од нашите впечатоци од говорот на господин Пендаровски.

Прво и основно очекувавме од страна на господинот Пендаровски во своето прво обраќање спрема Собранието на Република Македонија, да проба да гради мостови. Очигледно господинот Пендаровски не е излезен од чевлите на СДСМ и денес со својот говор наместо да понуди градба на мостови и она што самиот го зборуваше, помирување, тој само успеа да ги продлабочи поделбите во општеството.

Очигледно покомотно се чувствува кога ги зазема партискиските позиции на СДСМ и кога ја врши функцијата портпарол на Владата, и  портпарол на СДСМ, иако самиот потенцираше дека во последните неколку години поделбите во нашето општество се продлабочени.

Слушнавме премногу празни зборови, за жал не слушнавме што конкретно е направено во овие 7 месеци.

Нема конкретни дејства, нема конкретни активности. Чувме многу дијагнози но не слушнавме лек. Слушнавме многу оправдувања и релативизирања на проблемите со кои се соочуваат со граѓаните, но не слушнавме конкретни планови, стратегии туку слушнавме оправдувања за погрешните владини полики, во меѓународните односи, во правосудството, а дури и во заштитата на животната средина.

Не слушнавме ништо во врска со неговите неодмерени изјави во последните неколку месеци,а во однос на статусот на нашиот национален и државен херој Гоце Делчев, во однос на обвинувањата дека младите се криви што се иселуваат од државата.

За жал морам да потенцирам и дека за оние неколку идеи кој што господинот Пендаровски денеска ги соопшти пред Собранието, нема никакви консултации со опозицијата и пратениците, што дополнително говори дека станува збор за Претседател кој што ќе продолжи, за жал, да ја извршува својата функција во насока на исполнување на очекувања од Партијата која што го предложи и избра за Претседател на Република Македонија.

Жалиме за испревртените толкувања во врска со забелешките на Венецијанската комисијата. Исто така жалиме што господинот Пендаровски иако си дозволи да предложи само стручен соработник за член на Републичкиот судски совет, денеска ја критикуваше и состојбата во правосудството. Онаму каде што можеше да дејствува со конкретен пример предлагајќи врвни професори, правници како што налага законот, тој си дозволи да предложи човек кој што работел во кабинетот или канцеларијата на досегашниот и сегашниот претседател на Основниот суд 1.

Затоа се на се, би кажале дека сме разочарани, ние присуствувавме денеска, покажавме позитивен пример, коректно се однесувавме, ја испочитувавме и седницата, го испочитувавме и него, но одговорот на нашите проактивни активности, во смисла на обид за воспоставување на меѓусебно разбирање, очигледно од другата страна не дадоа плод.

Би му порачале дека 7 месеци вршење на функцијата Претседател на Република Македонија се сосема доволни да излезе од својот партиски дрес, како долгогодишен претпознатлив лик на СДСМ и како носител на листа на СДСМ на парламентарните избори.

Време е да се постави како претседател на сите граѓани, тоа што ниту овие 7 месеци, ниту посебно денеска успеавме да го забележиме во неговиот говор.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.