Истекува мандатот на Заев и Царовска, а тие се уште  немаат направено ниту една конкретна мерка за доброто на граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Истекува мандатот на Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, а се уште  немаат направено ниту една конкретна мерка која ќе биде за доброто на граѓаните.

-Без никаков срам Царовска се фали дека социјалната парична помош е зголемена за 300%, а имено станува збор за збир на повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјалната парична помош.

-Без никаков срам Царовска се фали дека водат грижа за пензионерите и дека ги зголемуваат пензиите.  Пензионерите се чувствуваат изиграно од оваа влада поради покачувањето на минималната пензија од само 36 денари, и 63 денари на просечната пензија.

-Без никаков срам  Царовска се фали дека се води грижа за стечајните работници, а оваа категорија на граѓани се појавија како резултата на неуспешните политики од претходните влади на СДСМ.

-Без никаков срам Царовска се фали дека  градат нови градинки,  но голем број од ветувањето за нови градинки остана само нивно празно ветување.

Се гледа крајот на штетните политики на граѓаните од  страна на Заев и Царовска.

Доаѓа обновата за Македонија која ќе се случи по 12 aприл, каде ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада и ќе работи за доброто на  сите граѓани на Република Македонија.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.