Ѓорчев до Владата: Со канцероген воздух секој ден го загрозувате здравјето и животот на граѓаните

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Тој кажа дека СДСМ воопшто не ги исполнила ветувањата што ги дала пред граѓаните за чист воздух и дека со вака загаден воздух секојдневно на луѓето им се загрозени и здравјето и животите.

– Со својата неодговорност секој ден го загрозувате здравјето и животот на граѓаните со канцероген воздух. Зоран Заев вети чист воздух пред две години држеше говор во Аеродром каде што велеше ајро, ајро а воздухот во Аеродром е никогаш во историјата позагаден кажа Ѓорчев.

Влатко Ѓорчев исто така нагласи дека не само во Аеродром туку дека воздухот е загаден во цело Скопје и исто така во градовите низ цела Македонија. Тој додаде дека Куманово и Струмица и покрај лагите на власта дека се гасифицирани се меѓу најзагадените градови во светот.

Пратеникот Ѓорчев посочи дека никогаш воздухот не бил позагаден како што е во изминатите три години.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....