Данев: Власта го укина превозот и хранарината на работниците и работнички

На денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев зборуваше за повеќе ветувања кои СДСМ не ги реализира, но ги напомена и лагите и манипулациите со кои оваа влада се служи.

Тој во своето обраќање најпрво зборуваше за минималната плата при што рече дека СДСМ се фали дека ја зголемиле минималната плата, но не го кажале дека со зголемување на минималната плата веќе се укинува превозот и хранарината на работничките и работниците на кои што им е зголемена минималната плата.

– СДСМ зборува за задолжување, па само денес изгласавте 300 милиони евра нови задолжувања на граѓаните на Република Македонија или вкупно откако сте дојдени на власт имаме милијарда евра нови задолжувања. Само за две и пол години ги задолживте граѓаните со нови милијарди евра, а тука не го калкулиравте задолжувањето за новиот клинички центар кој е пола милијарда на почеток? Значи милијарда и петстотини милиони евра имате ново задолжување, а што направивте со тоа?, запраша пратеникот Данев.

Пратеникот Данев кажа дека и покрај тоа што оваа влада има големи задолжување, не успеа да ги изгради ветените градинки во Мичурин и Горно Лисиче. Имено Данев во врска со ветените проекти на СДСМ кои не се реализирани го истакна следново:

-Не се вадете на детални урбанистичките планови, имавте време да го решите тоа и ВМРО-ДПМНЕ за тоа ви даде поддршка и предлог, не го решивте. Не ги сметам на овие на кои ги пресековте црвените ленти кои беа направени од претходната влада. Ветивте гимназија во Аеродром, зошто не ја направивте? Кај ќе се гради ако веќе планирате да ја градите? Каде е новиот клинички центар, го ветивте на скопјани и на цела Македонија? Три години ве чекаме да изберете локации, уште три години ќе ве чекаме да удрите камен темелник. Зошто уште не е реновирана или изградена новата училишна зграда на училиштето „Александар Македонски“ во Лисиче, за кој сите знаат какви се условите во тоа училиште?

Пратеникот Данев во своето обраќање потсети и на ветувањето на Дамјан Манчевски дека главен проблем за загадувањето во градот Скопје е ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека три години о ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, зошто градот Скопје и Аеродром особено Лисиче се меѓу најзагадените градови и места во светот?

-И сега претседателот Пендаровски денес бара национален концензус во ред, да тоа ние ќе го направиме и ќе дадеме поддршка, но прво вие да излезете и да се извините за овие изјави и манипулации со чувството на граѓаните, со здравјето на граѓаните, додаде Данев.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.