Читални без греење, тоалети без топла вода, слаба храна, влага по собите, ова се ситуациите со кои се соочуваат студентите

Интегрален текст од изјава за медиуми на Валентин Манасиевски

Почитувани,

Студентите во студентскиот дом Кузман вчера, во ек на колоквиумска сесија беа оставени без греење во читалната на домот.

Студентите немаат услови за учење. Читањето во читална е како да се на улица на температури околу нулата.

Ова се жалните услови во кои учат студентите во времето на Зоран Заев. Премиерот кој скрои буџет од 4 милијарди, а не одвои ниту денар за реновирање на студентски домови и изградба на нови.

Ветуваа брда и долини, а не направија ништо. Образованието е на нула. Условите за студирање се под нулата.

Читални без греење, тоалети без топла вода, слаба храна, влага по собите, ова се ситуациите со кои се соочуваат студентите во Кузман.

Три години со прст не се мрдна, а образованието тоне.

Сето ова завршува на 12 април кога доаѓа обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...