На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Затуроска. Пратеничката кажа дека владата низ изминатите три години покажала дека нема ниту визија ниту решенија за справување со загадувањето.

– Три години почитуван заменик министер да носевте по една мерка против загадувањето на воздухот јас верувам дека ќе имавме многу посериозни подобрувања отколку една ваква несериозна мерка која што ја понудивте. Што вие направивте ? Ќе бидам искрена вие се подигрувате со самите себеси истакна Затуроска.

Таа кажа дека владата се покажала неспособна во справувањето со овој проблем кој е многу сериозен и дека со ваков несериозен однос само се поигрува со здравјето на граѓаните.