Мицевски: На постоечките задолжувања на оваа криминална Влада од 910 милиони евра прејдовме на сума над една милијарда евра

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денес на собраниската седница посочи дека откако СДСМ дојде на власт задолжувањата на Република Македонија не запираат напротив рапидно растат и сега со новите задолжувања долгот на земјата се искачи за скоро една милијарда евра.

-Денеска пред нас имаме низа на задолжувања кои што оваа Влада во континуитет ги прави. Значи 5 закони за задолжување со кои што Република Македонија и граѓаните на Република Македонија ќе бидат задолжени за нови 296 милиони евра. На постоечките задолжувања на оваа влада од 910 милиони евра преоѓаме на сума над една милијарда евра, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека сите оние кои зборуваат дека ќе ги намалат задолжувањата, сите оние кои што кажуваа дека јавниот долг во Република Македонија ќе се намали но со овие нови задолжувања секој член на едно семејство се задолжува со нови 6.000 денари.

-Пред нас го имаме првото од низата задолжување за кој што во старт ќе ви кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ иако се работи за капитални проекти не го оправдува. Не го оправдува сето она што оваа Влада што го работи, значи начинот на кој што функционира. Затоа што на буџетот на 4 милијарди евра, капиталните инвестиции се околу 383 милиони евра. Имаме планирано предизборен буџет од 140 милиони евра само за трансфер за социјални трансфери. И овој тим на економисти на Владата на Република Македонија не успеа да најде пари во 4 милијарди евра па сега дополнително треба да не задолжи за 296 милиони евра, истакна Мицевски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...