Јанушев: Избори ќе има, и на тие избори единствено можно сценарио е тоа да ВМРО-ДПМНЕ победи

Во вечерашната емисија на ТВ Телма „Топ Тема“ гостуваше генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев. Тој кажа дека ВМРО ДПМНЕ активно се спрема за избори и дека не размислува за одложување на истите иако имаше во медиумите изјави од претседателот Пендаровски дека е можно нивно одложување.

Јанушев истакна дека избори ќе има и дека ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе победи на истите.

– Видете со огледа на тоа кого имаме од другата страна Заев кој што секојдневно по неколку пати ги менува ставовите и мислењата веројатно се е очекувано меѓутоа воопшто не размислуваме на тоа дека на 12 Април нема да има избори. Јас сум убеден и повеќе од убеден дека избори ќе има и на тие избори има единствено можно сценарио а тоа е ВМРО ДПМНЕ да победи кажа Јанушев

Дополнително генералниот секретар Игор Јанушев кажа дека програмата на ВМРО ДПМНЕ се базира на три столба а тоа прво владеење на правото и нулта корупција, второ целосна дигитализација на општеството и третиот столб економијата и економски политики.

– Приоритет ни се три работи , она што веќе го кажав и што јавно го споделивме е владеењето на правото и нулта корупцијата со еден сосема поинаков пристап за кој што два конкретни предлози дадовме кој што за жал СДСМ и Заев не ги прифаќаат бидејќи не им одговараат а тоа е буквално забрана за секој кој што е амнестиран односно аболиран да се бави со политика и вториот предлог кој што беше во насока да се провери потеклото на имот буквално на сите кои што се занимаваат со политика. Вториот столб на кој што ќе се фокусираме е целосна дигитализација бидејќи сметаме дека само со таквиот пристап ќе придонесеме буквално во секоја пора од општеството почнувајќи од економијата до администрација да се почне да се воспоставува ред . Секако дека главниот фокус ќе биде на економијата и економските теми исто така посочи Јанушев.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.