Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме Шилегов 100те илјади евра за новогодишна прослава да ги донира во хумани цели

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје бара  Градоначалникот Шилегов 100те илјади евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели и истите да ги донира. Наместо Новогодишна прослава на плоштад парите да се донираат во хумани цели.

Воедно во знак на транспарентоста и отчетноста кон граѓаните бараме да се објават донаторите кои обезбедија сто илјади евра за новогодишна прослава. Истата моќ на убедување да инвестираат во прослава, го повикуваме Шилегов да ја употреби, спонзорите парите да ги дадат во хумани цели.

Шилегов да објасни како од бесплатна прослава на Плоштад се стигна до 100 илјади евра за една вечер.

Шилегов исто така треба да објасни низ каква постапка се доделени 300 илјади евра за новогодишно китење на градот и дали оваа сума не можеше да биде драстично помала и заштедените средства да се употребат за капитални инвестиции. Зошто Скопје троши 400 илјади евра, за китење и новогодишна прослава за Нова Година кога илјадници Скопјани се без канализација и соодветен водовод. Дали  средства не можеа да се инвестираат во итни мерки за почист воздух, со оглед на тоа што Скопје е најзагаден град во Светот.

Како Советничка група очекуваме дека  градоначалникот Шилегов сомнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели.

  Со почит, 

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...